Квалификации за формирање на национални тимови
- Почеток на 04.10.2024 во 15:00 часот, време по сервер [GMT +2]
- Бесплатна регистрација
Општи правила и услови
- Се допуштаат регистрации единствено на профили над 10-то ниво. За профилите од верзија 5, каде што нема нивоа, условот е тие да бидат на повеќе од 500 нето економски поени и да се регистрирани пред повеќе од 1 месец пред почетокот на Квалификациите. Официјално вработените во Imperia Online немаат право на учество.
- Дозволено е управување со повеќе од еден профил.
- Играчите ќе се натпреваруваат за државата од која е направена првоначалната регистрација на нивниот профил во Империја Онлајн.
- Играчите се натпреваруваат само со своите сонародници, т.е. секоја држава има свое одделно рангирање.
- Играчи од држави со помалку од 5 претставници за формирање на национален тим за Светското Првенство, ќе учествувват во тим, наречен Обединети Империјални Нации. Тие ќе се натпреваруваат во фазата на квалификациите за да продолжат во групната фаза на првенството според правилата утврдени за сите учесници.
- Сите купени дијаманти, преостанати после крајот на квалификациите, ќе може да се пренесат во друг Ваш профил во верзија 6. На играчите кои се квалификувале за Светското првенство, дијамантите и ковчезите со бонус ресурси ќе им бидат пренесени во специјалниот свет на Светското првенство.
- Сите привремени дијаманти, вклучително и добиените од тимски понуди, не се префрлаат кон други светови, после крајот на Светското првенство.
Правила на игра во квалификациите
- Брзина на развој на Империите - Мега Блиц (х10)
- Сите играчи ќе почнуваат со престолнина со развиени градби и истражувања на одредени нивоа (на пример Фарми 5, Тврдина 6, Касарни 5, Централизација 5 и други) и 200 000 население.
- Сите играчи ќе имаат активиран Премиум (стара верзија) за време на Квалификациите.
- Нема напади помеѓу играчите.
- На секои 10 часа против играчите ќе се испраќаат компјутерски-генерирани напади. Ќе има вкупно 50 вакви бранови. Исклучок ќе има во првиот бран, кој ќе продолжи 18 часа и ќе тргне 1 час после почетокот на квалификациите.
- Секој напад ќе удира според шема во точно одреден час. Шемата на сите 50 бранови ќе биде достапна за учесниците во турнирот внатре во играта.
- Додека турнирот е во тек, Големите луѓе нема да ги добиваат следните Вештини/Таленти: Љубимец на народот, Логистичар, Колонизатор, Таен агент, Трговец со ресурси, Експерт за транспорт, Мајстор за шпионажа, Специјалист за опсада, Медицински научник, Напаѓач, Бранител, Убиец на генерали, Ограбувач, Запленувач, Управник на воена станица.
- Силата на напаѓачките војски ќе зависи од нето економските поени на нападнатиот играч. Колку повеќе нето економски точки има играчот, толку посилни ќе бидат напаѓачките бранови.
- За секој победен варварски камп во рамките на последните 10 часа, играчот ќе добие 1% зголемување на силата на нападот од номадите.
- Секој победен Варварски камп од играч, ќе ја зголемува војската на следниот нападнат Варварски камп со одреден процент. Зголемувањето е специфично за играчот кој напаѓа и нема да се одразува кај војската, која други играчи ја гледаат во кампот. Модификаторот за зголемување на Варварската војска во камповите се враќа до својата првична вредност на почетокот на секој ден.
- Битките се пресметуваат на истиот начин како и во другите светови на Империја Онлајн, Верзија 6. Војските на номадите немаат капацитет на носивост, тие секогаш ги запленуваат сите ресурси при опсада на тврдина.
- Видовите напади се избираат на случаен принцип и не е задолжително да го зачуваат истиот редослед.
- Ако напаѓачката војска победи во Опсада на тврдина, сите градби на играчот паѓаат за 1 ниво и основната вредност на нивните поени се одзема од моменталните нето економски поени на играчот. Ако некоја градба е во изградба, се отстранува нивото кое е во тек и се одземаат неговите нето економски поени. Куќите не може да паднат под 5-то ниво во Престолнината и под 1-во ниво во другите провинции.
- Ако номадскиот напад е испратен кон провинција што играчот не ја поседува (пр. нападот е испратен кон Провинција 3, но играчот ги поседува само Провинција 1 и Провинција 2), нападот ќе удри во една од провинциите, кои се во сопственост на играчот, избрана на случаен принцип.
- Ако нападот е испратен кон повеќе од една провинција, а играчот поседува само една провинција, војските се собираат и заедно ја напаѓаат таа провинција.
- За секој успешно одбиен напад, играчот добива воен приход еднаков на 50% од уништените непријателски војски во златен еквивалент, разделен подеднакво помеѓу ресурсите дрво и железо. Овој приход е достапен само во следните 10 часа после бранот.
- Сите играчи почнуваат со изградена Тврдина и 25 стрелци во гарнизон.
- Максималниот број провинции што еден играч може да ги има е 9: Престолнина + 8 припоени; играчот нема право да припојува или да прави вазали надвор од својата ексклузивна зона.
- Моменталните опции - обука на војска, завршување на градби и истражувања како и транспортот на ресурси меѓу провинции, ќе бидат достапни и под напад. Градби, истражувања и војска можат да бидат порачувани во ред за чекање дури и под напад.
- Основниот лимит за моментално истражување е 3 часа наместо 12 часа. Колку е повисок е развојот, нето економските поени и потрошениот број дијаманти за моментално истражување, толку повисок станува и лимитот.
- Издржувањето на војската ќе варира во зависност од тоа колкав процент од нето економските поени сочинува таа.
- Сите модификатори од терени ќе бидат со зголемени вредности. Во врска со ова, неутралните терени исто ќе даваат бонуси и модификатори на империјата. Освен тоа, теренот на сојузните поседи секогаш е неутрален и тие исто ќе бидат под влијание на модификаторите од неутрални терени.
- Цените на пазарот ќе бидат фиксни според нивните основни вредности и нема да се променуваат за време на целата сезона. Ќе биде достапна опција за размена на ресурси и под напад. Фиксната трговска провизија е 15% (петнаесет).
- Бројот на нападите по варварски кампови и независни градови е ограничен до 30 и 50 на ден, соодветно.
- 50% поголем капацитет на касарните за пешадија.
- Профилирањето на војска ќе биде достапно.
- Повисоки нивоа на тврдини - до ниво 10, ќе бидат достапни за изградба во поседите на империите.
- Ќе бидат досапни следните нови истражувања:
*Воена дисциплина - ја намалува границата под која има шанса војската да избега заради низок морал.
*Подобрено рециклирање - го зголемува враќањето на ресурси при расформирање на војска.
- Бонусите од свет Паралелна Вселена нема да се применуваат во светот на Светското првенство.
- Нема загуба на Задоволство за изгубена Опсада на тврдина или Битка на поле.
- Нема оддалечени поседи (колонии, трговски станици, воени станици).
- Нема чуда.
- Нема сојузи.
- Нема шпионирање помеѓу играчите.
- Нема мод Одмор.
- Нема празнична заштита.
- Нема историја на битките за други играчи.
- Варварските кампови нема да ги напаѓаат играчите.
- Нема Дневни мисии.
- Нема Достигнувања.
- Нема Глобални настани.
- Нема Турнири.
- Нема ресурсни наоѓалишта.
- Нема Пештери на освојувањето.
- Нема повторно вртење на Тркалото на среќата.
- Смената на име на профил ќе биде возможна само во првите 3 дена од почетокот на Квалификациите.
- Сите профили на играчите ќе бидат автоматски заклучени 40 секунди пред ударот на моменталниот номадски напад.
- Отакако ќе биде пресметан последниот, 50-тиот бран, сите профили ќе останат заклучени и ќе се формира крајното рангирање. Профилите ќе останат заклучени до 28.10., 15:00 часот, време по сервер, кога ќе започне Групната фаза.
Рангирање
- Рангирањето е само по нето економски поени.
Награди
- Играчите рангирани на првите 30 места во рангирањето, ќе имаат право да учествуваат на светското првенство, како дел од националниот тим на државата за којашто се регистрирани.
- Играчите рангирани на првите 30 места во рангирањето, во профиите и во рангирањето ќе имаат ознаки за „национален натпреварувач“.
* Тимот на Империја Онлајн го зачувува правото да ги променува правилата на турнирот во секој момент, без претходно предупредување и објаснување на учесниците.
Влези во Империја Онлајн и бесплатно активирај го својот профил сега!