Империја Онлајн Светско првенство 2023 - Групна фаза

- Почеток на 30.10.2023 во 15:00 часот, време по сервер [GMT +2]
- Времетраење – 14 дена.
- Учествуваат само националните тимови на сите држави, формирани од првите 30 играчи во Квалификациите за секоја држава.
- Тимовите што се рангирале во Топ 10 на Светското првенство 2022, ќе добијат по 8 500 000 привремени дијаманти како награда за достигнувањата на претходното издание на турнирот.

Правила на игра

- Брзина на развој на империите – Мега Блиц х10, со исклучок на параметрите на мисиите, кои се со брзина х4.
- Сите нации што успеале да регистрираат минимум 5 профили во Квалификациите, формираат национални тимови коишто ќе бидат разделени во 9 Групи. Секој национален тим формира сојуз со името на соодветната држава.
- Сите тимови се распоредуваат во 9 групи. Распоредот во Групната фаза на 36-те национални тимови кои имаат најдобро рангирање на претходните три првенства (ексклузивното 2020, 2021 и 2022), ќе биде определен во извлекување на крајот на Квалификациите. Сите други тимови ќе бидат распоредени во произволна група. Секој тим се натпреварува со останатите тимови во својата Група за шанса да игра на Светското финале.
- Мапата е заедничка за сите држави и е со големина 2000x2000, поделена е на 9 квадранта.
- Секоја Група тимови се распоредува во посебен квадрант, како што следува:
1-ви квадрант - група 6;
2-ри квадрант - група 3;
3-ти квадрант - група 7;
4-ти квадрант - група 2;
5-ти квадрант - група 9;
6-ти квадрант - група 5;
7-ми квадрант - група 8;
8-ми квадрант - група 1;
9-ти квадрант - група 4.
Тимовите од дадена група можат да ја разгледуваат целата мапа, но можат да напаѓаат, шпионираат, освојуваат итн. само во рамките на сопствениот квадрант.
- Во секој квадрант има по 4 Сојузни замоци.
- За време на првите 24 часа од Групната фаза, сите играчи ќе бидат под заштита од напади.
- Минималното време за донирање на војска е 10 минути.
- Ќе биде дозволено подигнувањето на дијаманти од сојузната ризница. Подигнатите дијаманти ќе бидат привремени со продолжителност до крајот на турнирот.
- Основниот лимит за моментално истражување е 3 часа, наместо 12 часа. Колку е повисок развојот, нето економските поени и бројот на потрошени дијаманти за моментално истражување, толку е повисок и лимитот.
- Издржувањето на војската ќе варира во зависност од тоа колкав процент претставува војската од нето економските поени на играчот.
- Сите модификатори од терени ќе бидат со зголемени вредности. Во врска со ова, неутралните терени исто ќе даваат бонуси и модификатори на империјата. Освен тоа, теренот на сојузните поседи секогаш е неутрален и тие исто ќе бидат под влијание на модификаторите од неутрални терени.
- Играчите ќе можат да им ги испраќаат сите видови ресурси на своите сојузници.
- Бројот на нападите по варварски кампови и независни градови е ограничен до 30 и 50 на ден, соодветно.
- Секој победен Варварски камп од играч, ќе ја зголемува војската на следниот нападнат Варварски камп со одреден процент. Зголемувањето е специфично за играчот кој напаѓа и нема да се одразува кај војската, која други играчи ја гледаат во кампот. Модификаторот за зголемување на Варварската војска во камповите се враќа до својата првична вредност на почетокот на секој ден.
- Изработувањето на сојузни предмети ќе биде достапно.
- Модулот Сојузен развој ќе биде достапен за сите тимови.
- Повисоки нивоа на тврдини во сојузните поседи – до ниво 11, ќе бидат достапни за изградба.
- Профилирањето на војска ќе биде достапно.
- Победа против варварски камп или независен град има 100% шанса за освојување предмет со продолжителност 12 часа.
- Нема засилувања.
- Нема Турнири.
- Нема мод Одмор.
- Нема Празнична заштита.
- Нема дневни мисии.
- Нема Глобални настани.
- Нема ресурсни наоѓалишта.
- Нема Пештери на освојувањето.
- Нема чуда.
- Нема медали за лигите.
- Нема повторно вртење на Тркалото на среќата.
- Ќе биде достапнен Сојузен премиум со еднократно таксување, кој ќе биде активен и во групната и во финалната фаза т.е. 5 седмици.
- Од сојузните односи отпаѓаат Пакт за ненапаѓање и Федерација.
- Играчите не можат да ги напуштаат своите Сојузи.
- Лидерите и Првите офицери не можат да исфрлаат/канат членови во Сојузот.
- Учесниците од секоја нација кои се рангирале на 1-во место во Квалификациите, автоматски ќе бидат назначени за лидери на сојузите. Членовите на секој национален сојуз ќе имаат право да гласаат за нов лидер, ако сакаат да го сменат.
- Не е дозволено управување на повеќе од еден профил.
- Секој играч може да ги назначи за чувари на профил сите сојузници, исто така и тој може да ги чува сите профили од сојузниците.
- Нападите кои заклучуваат ќе работат според нови параметри. Нето вредноста на напаѓачката војска треба да биде најмалку 20% од нето вредноста на заштитникот. Заклучувањето ќе се извршува само во последните 10 минути пред ударот, наместо преку целиот период во кој е видлив нападот.

Резерви

- Модул со којшто може да се номинираат играчи за исфрлање од националниот тим.
- Лидерот и Првиот офицер можат да номинираат членови само ако сојузот е составен од најмалку 20 играчи.
- Гласањето може да продолжи најмногу 24 часа или додека се соберат неопходните гласови, нивниот број треба да е поголем или еднаков на бројот на членови минус 3. (Тимовите кои немаат доволно активни играчи за да исфрлат играч од националниот тим, треба да контактираат со тимот за поддршка на играта. За активни членови се сметаат играчи кои влегувале во играта во последните 48 часа.)
- Откако ќе биде собран неопходниот број гласови за исфрлање, тимот на Империја Онлајн го отстранува номинираниот играч од Сојузот.
- Исфрлените играчи го напуштаат турнирот и не можат да играат за друг Сојуз.
- Секој тим што го достигнал максималниот број на членови, ќе има до 3 играчи, кои ќе бидат резерви.
- Резерви се играчите, рангирани на 31-во, 32-ро и 33-то место во Квалификациите.
- Сојузите ќе имаат можност да ги заменат членовите со резерви во првите 72 часа после почетокот на Групната фаза.
- Тимот на Империја Онлајн ќе ги отстрани играчите и ќе ги замени со резерви во првиот работен ден после номинациите.
- Откако ќе поминат првите 72 часа и номинираните играчи ќе бидат заменети со резерви, тимовите ќе бидат фиксирани и повеќе нема да бидат дозволени промени.
- Играчите кои се отстранети од националниот тим го губат медалот „Национален натпреварувач“.

Влијание и замоци

- Замоците шират влијание преку изградба на Голем храм и зголемување на опсегот, но влијанието не е претставено како % задржана територија на мапата, а се пресметува според натрупани поени Влијание.
- 1 профил/ексклузивна зона/престолнина во опсегот на влијание на замок = 1 поен Влијание.
- Поените Влијание се собираат со тек на време и се добиваат на секој час, откако ќе минат 3 часа од преземањето на замокот.
- Ако еден сојуз загуби Замок – поените Влијание кои се собрале до тој момент се зачувуваат.
Пример: Ако во моментот на пресметување на поените сојузот Х има 4 замоци и во опсегот на едниот влегуваат 30 играчи, а во опсегот на другите 3 по 10 играчи, сојузот Х ќе добие 60 поени Влијание, кои ќе се додадат кон моменталните поени. Ако на следното пресметување после еден час, сојузот Х ги загубил 3-те замоци со по 10 играчи во опсег, тогаш ќе му се додадат само 30 поени Влијание, но поените кои ги добил дотогаш нема да му бидат одземени.
- Ако еден профил се наоѓа во опсегот на влијание на два замоци, тој се вклучува за замокот со повисоко ниво Голем храм. Ако конкурентните замоци имаат еднакво ниво Голем храм – профилот му носи влијание на поблискиот замок.
- За време на Групната фаза, борбата за влијание е само во рамките на 1 квадрант. Зоната на влијание на замок којашто се простира надвор од квадрантот, не се зема во предвид; никој сојуз не може да добие влијание од профил, којшто не е во истиот квадрант со него.
- Преземањето на сојузни замоци ќе се случува преку модулот Преданост. Успешните опсади против сојузен замок нема да намалуваат нивоа од неговата тврдина, а ќе одземаат поени од показателот "преданост". Секој замок ќе има максимално допуштена преданост во зависност од нивото на неговата тврдина. Единствениот начин за зголемување на преданоста е преку време - на секои 15 минути таа се покачува со 1 поен до достигнување на дозволениот максимум. Кога еден сојуз ќе изврши успешна опсада на тврдина против даден замок, од замокот ќе се одземе одредено количество преданост. Точната вредност на одземеното ќе се одредува од сојузното истражување - "освојувач". Колку е повисоко неговото ниво, толку повеќе поени преданост ќе можат да се одземат со 1 удар. Замокот се смета за преземен кога сојуз ќе успее да ја намали неговата преданост до 0. Истражувањето има и втор ефект - ја зголемува почетната преданост при превземање на замок, независно дали тој е независен или е одземен од друг сојуз. Вредностите за почетна преданост се еднакви како и оние што сојузот ги одзема во секој свој напад. Само напади со сојузна војска ќе можат да одземаат поени преданост од замок. Независните замоци немаат преданост, замокот е освоен кога во него ќе останат помалку од 1000 воени единици.
- За да освоите замок кој веќе е преземен од противнички сојуз, треба да имате истражено најмалку 1 ниво Освојувач.
- Максималното количество донирани единици, како во собирен пункт, така и во замок е 500 000 000.
- Кон секој замок, контролиран од сојуз, ќе се пуштаат растечки по ниво номадски напади на секои 2 часа. Замокот може истовремено да биде напаѓан и од други сојузи. Загубата на номадски напад значи и автоматска загуба на замокот.
- Номадските напади нема да даваат злато од снабдувачка пратка.

Цел и победа

- Целта на групната фаза е рангирање за Светското финале во кое тимовите ќе се борат за медали.
- Првите 3 тимови со најмногу поени Влијание од секоја група во групната фаза со сигурност продолжуваат во Финалето.
- Ако 2 или повеќе сојузи имаат апсолутно еднакви поени на Влијание, тогаш се гледа моментот во којшто биле постигнати – победува сојузот што порано ги постигнал.
- Ако само 2 сојузи имаат поени Влијание, 3-тото место го зазема сојузот со најмногу нето економски поени помеѓу преостанатите.
- Ако само еден тим има поени Влијание, 2-ро и 3-то место ќе заземат сојузите со најмногу нето економски поени помеѓу преостанатите.
- Тимовите на 4-то место во 9-те рангирања (последни по поени влијание во групата или со најмногу сојузни нето економски поени во групата надвор од веќе рангираната тројка победници) се споредуваат и од нив продолжуваат 3-те тимови со најмногу поени Влијание.
- Ако помалку од 3 тима од четвртите места имаат поени Влијание, во Финале продолжуваат сојузите со најмногу нето економски поени помеѓу преостанатите четврти места.

Награди

- 1-ви во групата – учество во Финалето и 1 700 000 привремени дијаманти во сојузната ризница.
- 2-ри во групата – учество во Финалето и 1 020 000 привремени дијаманти во сојузната ризница.
- 3-ти во групата – учество во Финалето.
- 4-ти во групата – шанса за учество во Финалето.

Светско финале

- Почеток на 16.11.2023 во 15:00 часот, време по сервер [GMT +2]
- Најдобрите 30 тимови од Групната фаза се квалифицираат за Финалето каде што ќе ја продолжат битката за најпрестижната титула – Шампион на Империја Онлајн. Правилата кои важат за Финалето се еднакви како и правилата во Групната фаза, со некои исклучоци:
- Финалето се одржува на истата мапа како и Групната фаза.
- Сите профили од тимовите кои се победници во Групната фаза ги зачувуваат своите места на мапата.
- На мапата има 36 Сојузни замоци.
- Развојот на профилите и сојузите се ресетира, но сите дијаманти, преостанати од Квалификациите и Групната фаза, се зачувуваат. Исчезнуваат сите привремени дијаманти, освен дијамантите подигнати од сојузната ризница, добиените со e-pin и добиените како награда за подигнување на ниво на глобалниот профил. Исчезнуваат сите привремени предмети освен купените предмети во понуда со дијаманти.

Правила на игра: Остануваат истите како и во Групната фаза со исклучок на:
- Тимовите имаат целосен пристап до целата мапа и сите 36 замоци.
- За време на првите 24 часа од Финалето, сите играчи и сојузни поседи ќе бидат под заштита од напади.
- Чудата ќе бидат достапни, вклучително и двете чуда, кои се градат со дијаманти.
- Ресурсните наоѓалишта ќе бидат достапни.
- Номадските напади ќе даваат злато во вредност 10% од реалната снабдувачка пратка.

Резерви:
- Лидерот и Првиот офицер можат да номинираат играчи за исфрлање само ако Сојузот има најмалку 20 играчи.
- Гласањето трае 24 часа или додека да бидат собрани сите неопходни гласови.
- За еден играч да биде исфрлен, најмалку 66% од членовите на тимот треба да гласаат против него. (Тимовите кои немаат доволно активни играчи за да исфрлат играч од националниот тим, треба да контактираат со тимот за поддршка на играта. За активни членови се сметаат играчи кои влегувале во играта во последните 48 часа.)
- Откако ќе биде собран неопходниот број гласови за исфрлање, тимот на ИО ќе го отсрани номинираниот ограч од Сојузот.
- За време на првите 72 часа од почетокот на Финалето, секој исфрлен играч автоматски се заменува со Резерва (ако има останати); играчите исфрлени после овој период не можат да бидат заменети.
- Исфрлените играчи го напуштаат турнирот и не можат да играат за друг Сојуз.
- Играчите кои се отстранети од националниот тим го губат медалот „Финалист“.
- Резерви се играчите кои се рангирале на 31-во, 32-ро и 33-то место во Квалификациите. Ако сите Резерви биле искористени во Групната фаза, нема да се додадат нови Резерви за Финалето.


Влијание и замоци Остануваат истите како во Групната фаза со исклучок на:
- Борбата за влијание е на територијата на целата мапа и опсегот на влијание на замоците, делењето на Влијание и пресметувањето на поени се пресмеуваат за секој еден од 36-те сојузни замоци.


Победа

- Светското финале завршува после 3 седмици, а Шампион станува сојузот со најмногу поени Влијание, сребрени и бронзени медалисти се сојузите на 2-ро и 3-то место по поени на Влијание.
- Ако два или повеќе сојузи имаат апсолутно еднакви поени на влијание и се на прво место, Светското првенство ќе заврши после 3-тата седмица во моментот кога некој од сојузите ќе достигне дури и минимална предност.
- Ако помалку од 3 тимови имаат поени Влијание, преостанатите тимови медалисти се одредуваат според бројот на сојузни нето економски поени.
- Ако два сојузи се со апсолутно еднакви поени Влијание и се на второ место, Светското првенство ќе зaврши и во овој случај, а клучен ќе биде моментот во којшто биле постигнати поените – предност има сојузот што порано ги постигнал.

Награди

- Сојузот шампион на Светското првенство 2023 ќе добие 25 500 000 привремени дијаманти.
- Името на сојузот победник ќе биде изгравирано на сребрена плочка, во основата на Пехарот на Единствениот.
- На сите натпреварувачи, членови на Сојузот-шампион, ќе им бидат испратени златни медали, а на рангираните на второ и трето место – сребрени и бронзени, соодветно.

Медали

- Играчите во сојузот, којшто победил во турнирот, во рангирањето и во профилите засекогаш ќе имаат ознаки во форма на медали за „Светски шампион на Империја Онлајн“. Сите членови ќе добијат 5000 поени за Сала на Славата.
- Рангираните на второ и трето место, во рангирањето и во профилите засекогаш ќе имаат ознаки во форма на сребрени и бронзени медали, соодветно. Сите членови ќе добијат соодветно 3000 и 1500 поени за Сала на Славата.


* Тимот на Империја Онлајн го задржува правото да ги променува правилата на турнирот во секој момент, без претходно предупредување и објаснување на учесниците.